НАСКОРО – Новитети и промоции во ФК Пелистер! – ФК Пелистер Битола


Фудбалскиот клуб Пелистер ја известува целокупната јавност и сите вљубеници во фудбалот и секако најверните “Чкембари”, дека клубот во наредниот период што следува, ќе промовира уште еден нов играч кој што ќе му се приклучи на тимот за следната натпреварувачка сезона.

Двократниот Куп-шампион во досегашниот трансфер период ги доведе следните играчи: Симеон Христов, Борјан Пановски, Стефан Костов, Дарко Размоски,Марио Дебрешлиоски и Давид Јошески.

Во следниот период клубот ќе ги представи сите нови играчи уште еднаш на јавноста, а исто така клубот ќе ја представи и новата опрема со која што Фк Пелистер ќе се натпреварува во следната сезона.

Исто така ФК Пелистер ја известува јавноста дека во најскоро време ќе бидат пуштени во продажба сезонски влезници за сите домашни натпревари, и истите ќе бидат по цена од 1000 МКД.

Фудбалскиот клуб Пелистер оваа сезона има големи мотиви и цели, а за остварување на тие цели клубот превзеде чекори, за максимално подготвено да го дочека новото првенство.

 



Source link

Share