| Ненад Костески: ,,Не очекува еден тежок период, кој ќе биде исполнет со мног…


🟢🗣 | Ненад Костески:

,,Не очекува еден тежок период, кој ќе биде исполнет со многу натпревари. Се подготвуваме за Лигата на шампионите, но тука го имаме и домашното првенство, најверојатно и регионалната СЕХА лига, не очекуваат премногу дуели.”

🏋‍♂️ ,,Во оваа фаза од подготовките се работи на физички план, наскоро почнуваме и со тактичкиот дел и се надевам на една добра претстава во Лигата на шампионите и зошто да не изненадиме некои фаворити во Битола, но и на гостински терен.”

❗️,,Некогаш буџетот не игра голема улога, па така доколку ја посакуваш победата, треба секогаш да си подобар од ривалот, без разлика со каков буџет располага.”

,,Оваа година не очекува едно интересно и квалитетно домашно првенство. Како што знаеме, тимот на Алкалоид го подобри својот ростер, но и Вардар е во доста изменет млад состав, така што ќе имаме навистина една многу тешка задача, бидејќи мислам дека е многу потешко да ја одбраниш освоената титула, отколку да ја освоиш, ќе имаме навистина сериозен предизвик, но целиме да ја одбраниме титулата во лигата и Супер Купот, како и да го осовиме трофејот во Купот на Македонија.”




Source

Share