Пелистер фуриозно го доби Арсими на домашен терен! – ФК Пелистер Битола


 

Денеска се одигра 24 коло од втората македонска лига, во кое нашиот Пелистер го пречека тимот на Арсими на стадионот Петар Милошевски во Битола.Натпреварот се одигра по одлични услови, сончево време и прекрасен тревник.

Пелистерци започнаа многу офанзивно уште на стартот на првиот дел, се редеа шансите пред голот на противникот, во еден момент имаше и поништен погодок за Пелистер поради наводен офсајд, но зелено-белите не застанаа тука, напротив инсистираа да го отворат резултатот.Точно и тоа се случи па од еден корнер упатен од Љамчевски, најдобро се снајде Спиркоски и погоди за 1-0.

За неполни 8 минути падна и втор погодок во Битола, овој пат од Симеон Христов кој постигна гол за 2-0 и сигурно водство на полувремето.Во второто полувреме, односно во 52 минута Пелистер постигна неверојатен евро гол од 50 метри, а ова прекрасно дело беше на Наумоски Јорданчо кој прецизно стрелаше за 3-0.

Пелистер очигледно повеќе ја посакуваше денешната победа и заслужено ја доби оваа битка со која веќе може да се спрема за Прва лига.

Следен натпревар кој ззелено-белите го играат е против екипата на ФК Охрид, и тоа пак на домашен терен во Сабота на 20.04.2024 во 15 ч.



Source link

Share