Пелистер гази, нова победа против Охрид! – ФК Пелистер Битола


 

Вчерашниот ден ни донесе нови случувања во ВМФЛ, односно се одигра 25 коло, во кое Пелистерци го пречекаа Охрид на домашен терен.

Пелистер иако не одигра на своето ниво, како во предходното коло против Арсими, заслужено ги зеде бодовите откако го победи Охрид со минимални 1-0, и тоа со погодок од пенал на капитенот Љамчевски Благоја.Противникот играше многу агресивно, борба имаше на целиот терен, но очигледно не секогаш победува агресивната игра, а доказ за тоа е вчерашниот дуел.

После една акција на битолчани по десната страна, во противничкиот шеснаесетник соборен беше Трајковски Јованчо од страна на гостинскиот голман и судијата со право досуди пенал кој Љамчевски го реализира, а голманот Серафимов заслужено доби директен црвен картон.

После овој погодок на Љамчевски, Пелистер имаше уште неколку шанси за втор погодок но за жал не успеа во таа намера.Битолчани со оваа победа само ја продолжија низата на победи и се пред исполнување на целта,а тоа е промоција во првата лига.

Следен натпревар кој Пелистер го игра е против првопласираната Беса, на гостински терен, на 27.04 во 16:00 часот.



Source link

Share