Пелистер со победа ги започна подготовките во Охрид! – ФК Пелистер Битола


Екипата на Пелистер од вчера се стационира во Охрид, каде ќе ги одработи зимските подготовки.Во меѓу време ќе одиграат неколку контролни натпревари во кои Пелитерци ќе ја темпираат формата за вториот дел од сезоната.

Вефнаш по пристигнувањето во Охрид, Пелистерци се фатија за работа и го одиграа првиот контролен против екипата на ФК Караорман.

Тренерот Влатко Костов ги изротира сите играчи кои се на располагање, а свое неофицијално деби имаа и новајлиите во екипата, Вилдан Керим и Јорданчо Наумоски.

Пелистер на овој натпревар победи со 5-2, а сите голови ги постигнаа различни играчи, што е за радување.За 1-0 стрелаше Спиркоски, па потоа стрелаше и Талевски и до крајот на полувремето гол постигна Христов за 3-0.Второто полувреме голови постигнаа и Маневски за 4-1, и пред крајот на натпреварот во листата на стрелци се запиша и Трајковски за 5-2.

Пелистерци денеска продолжуваат со интезивни тренинзи, a веќе утре ги очекува втор натпревар против албански Поградец.



Source link

Share