Пелистер влегува во E-SPORT светот! – ФК Пелистер Битола


Фудбалскиот клуб Пелистер ја известува целокупната јавност, дека во периодот што доаѓа, поточно на 29.09.2023 клубот започнува едно ново поглавје, и за прв пат ќе биде претставник во Балканската Esports лига која ќе биде пренесувана во живо на Arena Esport. Клубот во соработка со најдобриот Македонскиот еспорт репрезентативец и 4-годишен шампион во EFootball во Македонија, Давид Гаревски со кого Пелистер постигна договор и како капитен ќе го предводи клубот во оваа лига.

Пелистер ќе биде за прв пат учесник на едно вакво натпреварување, и поради тоа ни претставува голема чест нашиот клуб да се натпреварува против најдобрите екипи од Балканот.

Давид Гаревски кој е роден на 21.06.1995, во Битола е македонски еспорт репрезентативец и 4 годишен македонски шампион во EFootball.Тој има настапувано на многу организирани турнири во Македонија и во странство и има забележано огромен број на награди меѓу кои:

-4 годишен шампион на Македонија во EFootball (2019-2023)

-3 (трето) место од вкупно 75 земји на Европско Првенство IESF EEF во Подгорица (Црна Гора)

-4 (четврто) место на European Nation Cup во Украина

-3 (трето) место на Sinalco PES Balkanska Liga

– Топ 20 учесници од вкупно 108 земји на Светското Првенство IESF во Бали, Индонезија

 Балканската Еспорт организација, организира балканска лига “сезона 1” која ќе трае од 25.09.2023 до 31.12.2023, односно до 10.12.2023 регуларен дел, а од 10.12 ќе започне плеј-оф.Форматот на натпревари ќе биде 3 vs 3, односно тројца играчи ќе го управуваат клубот истовремено а тоа се:Матко Бенчич од Хрватска, Ташко Илијев и Армин Мандал од Македонија.Воедно капитен на екипата е Давид Гаревски

Утакмиците ќе се емитуваат во живо, секој понеделник во 21 часот на Арена Еспорт, а во текот на неделата ќе се емитуваат репризи од натпреварите.

Efootball Pro Champions ligа, е лигата во која Пелистер пријави учество и оваа сезона ќе се натпреварува против најсилните балкански екипи а меѓу поканетите екипи се наоѓаат следните:

– Партизан esports
– Црвена Звезда esports
– Будучност Подгорица esports
– Локомотива Загреб esports
– Пелистер Битола esports

– ОФК Београд esports
– Слобода Тузла esports
– Марибор esports
– НК Истра esports
– Раднички esports

-НК Младост esports

-РФК Нови Сад esports

За ова ново поглавје во историјата на Пелистер изјава даде и претседателот на ФК Пелистер, Митко Стојковски.

Многу ми е драго што со Давид постигнавме договор за ова ново поглавје во историјата на клубот.Ние знаеме дека ова ќе биде голема афирмација за нашиот клуб и работиме на тоа да го презентираме во најдобро светло.Веруваме во Давид дека ќе даде све од себе да го претстави клубот во најдобро светло во E-sport лигата.Клубот стои на располагање за све што е потребно!

За клупскиот официјален сајт изјава даде и Давид Гаревски.

Пред се, би сакал да им се заблагодарам на управата на ФК Пелистер, директорот Митко Стојковски и на Општина Битола за укажаната доверба и овозможувањето на оваа прилика во која со заедничка соработка и постигнат договор се формира новиот проект “Pelister Esports”. Целта на овој проект ќе биде за клубот да се натпреварува и промовира на интернационална сцена како и воедно за промоција на еспортот се повеќе во Македонија и Балканот споделувајки ја визијата која е само почеток и можен поттик и за сите останати во Македонија.

Еспортот кај нас во Македонија е
нова категорија спорт, но на меѓународно ниво е една од најпопуларните и најатрактивни спортски  дисциплини, која бара многу  вештина, концентрација, фокус и спортски дух и е една од спортските дисциплини на новите генерации, која со моја помош како негов амбасадор се повеќе се популаризира и промовира во Македонија на начин како што е популарна и насекаде во светот.

Како горд Биточанец, долгогодишен спортист и поранешен член на ракометниот клуб Пелистер, воедно и како четиригодишен шампион и Македонски репрезентативец на Македонската Еспорт Федерација за која постигнав големи успеси во еспортот за Македонија на интернационално ниво на Европските и Светските првенства,  ми претставува огромна чест да го предводам Пелистер како капитен на престојното натпреварување и да ги бранам “зелено-белите” бои на клубот при сите идни успеси.



Source link

Share