Пелистер забележа 4 победи и 1 пораз на контролните натпревари – ФК Пелистер Битола


Во предходниот период што измина, фудбалерите на ФК Пелистер одиграа 5 контролни натпревари против различни противници, и на тие натпревари, избраниците на Костов заблежаа 4 победи и само еден пораз!

Покрај победите против екипите на ФК Новаци(3-0), ФК Каменица САСА(2-0), ФК Вардар Неготино(2-1), во Битола совладан беше и составот на ГФК Охрид.

Овој контролен натпревар заврши со конечни 3-1 за екипата на Пелистер, а головите ги постигнаа следните фудбалери:

– Љамчевски – 31′

– Христов – 73′

– Талевски 85′.

Додека пак последниот натпревар кој се одигра во Струмица на Спортскиот центар Пандев, зелено белите спарингуваа со екипата на Брера Струмица, каде несреќно загубија со 2-1.Стрелец за нашиот тим на овој натпревар беше Здравевски во 70′.

Генералната проба пред почетокот на сезоната Пелистер ќе ја одигра против екипата на ФК Победа од Прилеп на 05.08.2023.



Source link

Share