Пелистерци одиграа нерешено против Детонит Плачковица – ФК Пелистер Битола


Денеска се одиграа дуелите од четвртото коло во ВМФЛ. На дербито кое се одигра на ,,Петар Милошевски” екипите на Пелистер и Детонит одиграа 0-0.

Нашите ,,Зелено Бели” имаа доста опасни напади и шанси кои за жал не беа реализирани. Останува да ги бодриме нашите фудбалери кои немаат примено ниту еден гол и се единствена екипа со таа статистика после четири одиграни натпревари.

Следен натпревар кој нашиот тим ќе го игра е против екипата на Фк Кожув во Гевгелија на 16.09.2023 во 15:00ч

ФК Пелистер им се заблагодарува на сите љубители на нашиот клуб кој денеска беа присутни на стадионот Петар Милошевски.



Source link

Share