Повторно 4/4 за младите пелистерци – ФК Пелистер Битола


Овој викенд се одигра 7. коло од Младинската Супер Лига каде нашите млади играа против своите врсници од екипата на ФК Скопје .Први започнаа пионерите и помладите пионери кој што своите натпреварии ги играа на гостински терен, односно на стадионот Циглана во Скопје.

Пионерите на Пелистер ги победија своите врсници од Скопје со конечен резултат 3-2, а головите на овој натпревар ги постигнаа Лука Лисолајски во 9 минута и Дарко Ангелевски во 53 и 63 минута.Одличен натпревар за нашите пинери и бранители на тронот.Веднаш потоа на сцена настапија помладите пионери кој на уште поимпресивен начин се претставија и го добија својот натпревар со 3-0, а стрелци на овој натпревар беа: Мартин Талевски во 15 минута, Алек Сиваков во 63 минута и Петар Ристевски во 82 минута.

пионери

Додека пак денеска на стадионот со вештачка трева Павел Шатев во Битола настапија кадетите и младинците кој што едноставно беа доминантни против ФК Скопје.

Кадетите на Пелистер победија на овој дуел со импресивни 6-2.Нашите фудбалери во секој поглед од фудбалската игра беа подобри и немаше никаков сомнеж за крајниот резултат.Головите за Пелистер ги постигнаа: Стефан Секирски во 15 мин, Даниел Чавдаровски во 27 мин, Дарко Димитровски во 29 мин, Лука Лисолајски во 38 мин, Филип Стојковски во 83 мин и Стефан Бончаноски во 89 минута од натпреварот за конечни 6-2.

Последни на сцена стапија младинците на Пелистер кој со еден збор ги растурија врсниците на Скопје со неверојатни 9-0 .Уште првото полувреме веќе се беше решено бидејќи веќе беше 5-0, но пелистерци не застанаа тука па во второто полувреме само додадоа гас и стигнаа до неверојатни 9-0.Во листата на стрелци се запишаа следните фудбалери:Дарко Велјановски во 2 мин, Стефан Спировски во 18 мин, Иванчо Јовановски во 30 мин, Јовица Христовски во 33 и 38 мин, Христијан Петрески во 48 и 62 мин, Наум Димовски во 58 мин и Валентин Вељанчевски во 64 мин.

младинци
пом пионери



Source link

Share