САБОТА ФК. ПЕЛИСТЕР – Фк. Новаци, СОБИР ПРЕД СТАДИОН 16ч. После одличниот старт…


САБОТА ФК. ПЕЛИСТЕР – Фк. Новаци, СОБИР ПРЕД СТАДИОН 16ч.

После одличниот старт на гости во првото коло, ни следува првата домашна утакмица ова сезона, и то против новајлијата Новаци.

И овај пат се надеваме дека нашите фудбалери ќе бидат на висина на задачата, целта е јасна, ПРВА ЛИГА.

Наша обврска е да се појавиме во копот во шо поголем број и да дадеме громогласна поддршка. Затоа мобилизацијата можи да започни. Прво коло за нашиот коп, временските прилики како и тајмингот идеални за добра дружба. За ладење и освежување, пред нашиот сектор ќе можи да купите точено пиво и од новите привезоци. Покана и апел до сите љубители на битолскиот гигант, бидете со клубот и кога е тешко, зошто тој ни е аманет, друг клуб немаме, само така можиме заедно да ги надминиме сите проблеми.
Очекувајте повеќе информации во следните објави.


Source

Share