Во викендот што следи, ќе се одигра 17.то коло од ВМФЛ, во кое нашиот Пелистер му гостува на вториот битолски клуб во втората лига, односно на тимот на ФК Новаци.Битолското дерби ќе се одигра на стадионот во Новаци, во сабота на 24.02.2024 во 14:00 часот.
Тренерот Костов ќе ги има сите играчи на располагање, освен повредените Размоски и Пановски.
По победата против ФК Беласица од 3-0, предходната сабота во Битола, пелистерци цела недела се подготвуваат за гостувањето во Новаци во рамките од 17-то коло од ВМФЛ.Овој натпревар е само втор официјален меѓусебен натпревар, откако во првиот дуел во Битола, Пелистер победи на домашен терен со 4-0.
Пелистер не планира тука да застане, туку оди само на победа и продолжување на победничката серија која трае веќе 5 кола.
Source link