Сонувачи, визионери, идеолози, обединети под црвено-белото лозарско знаме, сите …


Сонувачи, визионери, идеолози, обединети под црвено-белото лозарско знаме, сите ние кои по пат кон селските игралишта мечтаевме за силен Тиквеш, ова е наше време. По две кола Тиквеш е лидер на табелата во најсилната македонска фудбалска лига, а наша задача е да му помогнеме да остане таму до крајот на сезоната. Затоа, потребна ни е најголемата мобилизација до сега, да потврдиме дека сеуште веруваме во заедничката цел и идеологија за силен и европски Тиквеш. Да покажеме во недела против Шкендија дека Лозари се сеуште движечката сила на клубот и градот убав. Во недела во 15 и 30 дојди на големиот собир во паркот на револуцијата и со себе понеси ги твоите другари.

За Тиквеш се работи!




Source

Share