Стратегот на зелено-белите Влатко Костов продолжува да го привлекува вниманието …


Стратегот на зелено-белите Влатко Костов продолжува да го привлекува вниманието на сите со шансата која им ја дава на нашите нови и млади фудбалски бисери.
На вчерашниот натпревар против Караорман, свое официјално деби во дресот на ФК Пелистер имаше нашиот млад талент Габриел Крстевски, кој штотуку наполни 17 години и го одигра првиот натпревар за сениорската екипа покрај Андреј Сиљановски кој веќе претходно дебитира за сениорскиот тим. Ова е уште еден од многуте докази дека младинската школа на ФК „Пелистер“ е расадник на млади таленти и со ова ФК „Пелистер“ докажува дека е клуб за пример, чиј императив е промоција на млади фудбалери кои произлегуваат од нашата младинска школа. ☘️






Source

Share