(ВИДЕО) Битола неосвоива тврдина за Вардар.Н – ФК Пелистер Битола


Денеска се одигра 22.коло од ВМФЛ, а во Битола се сретнаа домаќинот Пелистер против екипата на Вардар од Неготино.

По убаво сончево време, прекрасен тревник и пред неверојатните Чкембари, тренерот Костов денеска излезе со измешан состав, се со цел сите играчи да добијат шанса и да се докажат.Во стартната постава во преден план влета младиот Ивановски кој што задоволи денеска со својата претстава.По подолг период во првиот состав се најде и Ѓорги Танушев, кој некое време беше повреден, но целосно рекупериран денеска одигра неверојатно и со гол ги израдува битолчани.

Натпреварот започна онака како што битолчани очекуваа, односно офанзивно и силно, и уште на старт се виде дека Пелистер повеќе ја посакува победата.Првиот гол пристигна кон средината на првото полувреме, кога Спиркоски ја погоди мрежата на противникот за 1-0, за голема радост на пелистерци и Чкембари.Во 33 минута од натпреварот за двојно водство се погрижи повратникот Танушев кој погоди за 2-0 и со овој резултат се замина на одмор.

Во второто полувреме Пелистер стигна и до трет погодок, односно Здравевски Бобан по косо ја погоди мрежата на Вардар Неготино и Пелистер со овој погодок стигна до 3-0 и веќе се знаеше кој ќе ги однесе трите бодови од овој натпревар.Гостите во 83 минута од натпреварот стигнаа до почесен погодок, а стрелец беше Османи кој го намали резултатот на конечни 3-1 за Пелистер.

Click here to display content from YouTube.
Learn more in YouTube’s privacy policy.

Со оваа победа Пелистер останува на второто место на табелата со 51 бод, позади лидерот Беса кој има 57 бода.На третото место се наоѓа Детонит Плачковица кој денеска загуби од Башкими.

Во следното коло Пелистер игра на гостински терен, против екипата на ФК Скопје на 06.04.2024 во 15:00 ч.



Source link

Share