(ВИДЕО) Пелистер доминантен во градското дерби – ФК Пелистер Битола


Денес, по одлични временски услови и солидна посетеност на стадионот “Петар Милошевски” во Битола се одигра градското дерби во ВМФЛ помеѓу екипите на ФК Пелистер и ФК Новаци.

Првото полувреме започна навистина офанзивно од страна на “зелено-белите” и тоа вроде со плод уште во 6 минута, кога после еден центаршут од левата страна на Љамчевски, во мрежата на Новаци со глава биеше Спиркоски и Пелистер поведе со 1-0.

Пелистер и покрај раниот погодок, не престана со притисок кон противничкиот гол, нон стоп се редеа шансите, па за во 30 минута првенец во оваа сезона да постигне повратникот во зелено-белиот дрес Михаил Талевски.До крајот на првото полувреме немаше некои посериозни шанси.

Почетокот на второто полувреме почна мирно, со неколку шанси, но без успех.Се играше динамичен фудбал, публиката уживаше.

Во 84 минута после една грешка на противничката одбрана, Љамчевски Петар украде топка и со стил испрати во шеснаесетникот, каде го пронајде Гроздановски кој па лесно реализираше за 3-0.До крајот на натпреварот, односно во 90 минута ново влезениот Здравевски го зголеми водството на Пелистер за конечни 4-0.

Фудбалскиот клуб Пелистер им се заблагодарува на сите љубители на фудбалот кој денеска беа играч број 12 на теренот.

Следениот натпревар Пелистер го игра на 26.08.2023 против екипата на Каменица Саса.

Click here to display content from YouTube.
Learn more in YouTube’s privacy policy.



Source link

Share