(ВИДЕО) Пелистерци спремни за новиот предизвик! – ФК Пелистер Битола


 

Избраниците на Костов, денеска го одработија последниот тренинг пред поаѓањето за Македонска Каменица, каде ќе бидат во карантин пред утрешниот натпревар против екипата на Каменица Саса.

По победата против екипата на ФК Новаци со 4-0 минатата сабота во Битола, екипата на Пелистер цела недела се подготвува за гостувањето во Македонска Каменица против домашната САСА , во рамките од 3. коло на Втората лига. Ова е четврт меѓусебен натпревар на двете екипи во историјата, откако во ланската сезона на истото гостување „зелените“ славеа со 2-1, додека пак на возвратниот дуел во Битола одиграа нерешено.

Во пресрет на утрешниот натпревар свое видување за овој натпревар дадоа фудбалерите од нападот, а тоа се Дарко Размоски и Бојан Спиркоски.

Имавме одличен старт, ги победивме првите две утакмици, и сакаме да ја задржиме атмосферата во клубот на ова тешко гостување и да ги освоиме повторно трите бодови, и да имаме максимален исход после ова гостување – изјави Размоски

Како што знаете нашата цел е победа и не треба да се повторуваме.Имаме одлична атмосфера во тимот после првите две кола, и исто така сакаме да продолжиме и во ова трето коло, и да бидиме максимални со сите бодови.Не очекува тежок натпревар нормално, но ние сме Пелистер и треба да го докажеме тоа, и да одиме на секоја утакмица на победа и 3 бода – изјави Спиркоски

 



Source link

Share