Вилдан Керим е нов фудбалер на Пелистер! – ФК Пелистер Битола


Битолската гордост Пелистер го промовира првото зимско засилување за втората полусезона во ВМФЛ. 

Новајлија во тимот е искусниот Вилдан Керим, кој претходната полусезона ја мина во редовите на Детонит Плачковица29-годишниот фудбалер кој главно дејствува по левата крилна позиција може да покрие и други позиции во офанзивата. Клубот преку социјалните мрежи ги израдува навивачите со потврдата на првото засилување во новата година. 

Инаку, Керим има солидно искуство и повеќе клубови во кариерата. Зад себе има настапи за турските клубови Караман, Силифке и Сарајону, во Косово играше за Дреница и Дукаѓини, додека во Македонија настапуваше за ФК Скопје. ФК Вардар и Гостивар пред да дојде во Детонит. 

Амбициите на Пелистер се јасни, напад на една од првите две позиции и директен пласман во ПМФЛ за следната сезона.



Source link

Share