Во поразот од ПСЖ во рамките од 3то коло во ракометната Лига на Шампиони, она шт…


Во поразот од ПСЖ во рамките од 3то коло во ракометната Лига на Шампиони, она што загрижува, можеби и повеќе од самиот пораз, е тоа што најдоброто македонско десно крило, одличниот Ненад Костески не одигра ниту една минута, односно целиот натпревар го одгледа од клупата. Минатата сезона Костески ја заврши во одлична форма, на натпреварот со Вардар во Битола практички ‘сам’ ги реши во самиот финиш со неколку брзи голови. Факт е дека овие натпревари, со европските ракометни велесили се многу поинакви од оние на домашната сцена, но факт е и дека токму на овие натпревари се стекнува искуство и се станува играч.

💎 Костески Ненад е иднината на македонскиот ракомет и токму него го имаме во нашите редови.




Source

Share