Заврши првата сезона од Балканската Pro Champions League. – ФК Пелистер Битола


Со вчерашното редовно, а воедно и последно коло, заврши првата сезона од Балканската Pro Champions League.Да напоменеме дека од оваа сезона учество зеде и нашиот тим ФК Пелистер Esports.Давид Гаревски како капитен на екипата со неговиот тим Ташко Илијев,Армин Мандал, Лука Кулушич и Матко Бенчич го освоија 8.то место на табелата.

И покрај големата конкуренција нашиот тим успеа да избори опстанок и директна квалификација во следната сезона на Pro Champions League.
Пелистерци ја започнаа сезоната одлично со 3 нерешени резултати во првите 3 натпревари, па потоа следеа неколку порази, за на крајот последните две кола да ги завршат со победа и да го освојат 8то место со 10 бодови, оставајќи ги зад себе ривалите како:ОФК Београд, НК Марибор, НК Младост, ФК Нови Сад.

ФК Пелистер Esports првата сезона ја заврши со 2 победи, 5 нерешени средби и 4 порази.



Source link

Share